„20 години државност – 20 години независна Македонија – заедно под едно сонце“
09.09.11 00:05
Илјадници граѓани дојдоа на прославата за 20-годишнината од независноста на Македонија во центарот на Скопје. Првиот парламентарец, Трајко Вељаноски ја изнесе оригиналната декларација за независност од 1991 година. Документот е преземен од страна на Гардата на АРМ и е пренесен до Музејот на македонската борба.
– Во името на идните генерации и аманетот кој ни го оставија сите оние, кои ги положија животите за денешна Македонија, да ја направиме нашата библиска земја уште подостојна за нивните жртви, уште повековита од нивните надежи и уште поубава од нивните соништа – рече Вељаноски во обраќањето пред присутните граѓани.
Низ портата „Македонија”, помина 1.000 деца, како симбол за иднината на Македонија.
Премиерот Никола Груевски во својот педесет минутен говор на централната прослава по повод 20-годишнината од независноста на Македонија повика на национално обединување со цел просперитет на државата.
– Во овие 20 години создадовме независна македонска држава. Поминавме и добро и лошо, конфликти и помирување, но покажавме дека различните култури можат заедно. Тој систем не е совршен, но ќе му помогне на секого да го најде своето место – рече Груевски.
По завршувањето на говорот на Премиерот, беше пуштена во употреба фонтаната во рамки на споменикот „Воин на коњ“, по што следуваше голем огномет и промоција на композицијата „Македонија“ на композиторот Кире Костов.
Преку проектот „Јакнење на капацитетите на ЈКП преку набавка на опрема“ на Центарот за развој на Југозападен плански регион обезбедена опрема за ЈП„Водовод“ Охрид Станува збор за два режачи за пили...
Денеска, тим од Општина Струга го започна претставувањето и промоцијата на градот на Меѓународниот саем за туризам во Истанбул Проектот, како што посочуваат од Општината, се реализира со финансиска...
На ден 04022026 од страна на полициски службеници од Одделението за криминалистичка полиција при СВР Штип, во координација со Одделот за криминалистичка полиција преземени се оперативно тактички ме...
Оваа веб-локација користи колачиња за да можеме да ви го обезбедиме најдоброто можно корисничко искуство. Информациите за колачињата се зачувуваат во вашиот прелистувач и извршуваат функции како што се ве препознаваат кога ќе се вратите на нашата веб-локација и му помагаат на нашиот тим да разбере кои делови од веб-локацијата ви се најинтересни и корисни.
Строго неопходни колачиња
Строго неопходното колаче треба да биде овозможено во секое време за да можеме да ги зачуваме вашите параметри за поставките за колачиња.
Ако го оневозможите ова колаче, нема да можеме да ги зачуваме вашите параметри. Ова значи дека секогаш кога ќе ја посетите оваа веб-локација ќе треба повторно да ги овозможите или оневозможите колачињата.