Во друштво на најблиските, соработници и пријатели “Старт Охрид“ ја одбележа 20 – годишнината од своето постоење.

Малкумина имаат храброст, желба и амбиција да го следат својот сон. Само најупорните успеваат ди ги пребродат препреките и да го почуствуваат задоволството од сопствениот успех. Едни од тие се и “Старт Охрид“.

– Во овие изминати 20 години станавме тоа што сме благодарение на вашата соработка и доверба. Ви благодарам што сте дел од „Опел Старт“ – рече сопственикот Глигор Пљакоски.

Во нашата компанија во изминатите 20 години се менувале многу работи и секој вработен оставаше свој белег. Почитувани колеги,  Ви благодариме за се она што го направивте во изминативе 20 години – рече менаџерот Горан Чалоски при доделувањето на посебното признание за фамилијата Пљакоски.



20 години Старт Охрид

Фото Емилио
М.Постоловски