Од министерството за внатрешни работи информираат дека вчера, во 17 часот во Полициската станица Центар во Скопје, 20-годишна охриѓанка пријавила дека, истиот ден во 15.20 часот на „Кеј  13-ти Ноември“, физички била нападната од страна на лице чие име и презиме го пријавила.

Во пријавата стои дека лицето ја удрило со рака во пределот на лицето, при што и биле нанесени видливи повреди. Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.

OhridNews