Рускиот фудбалски прволигаш Анжи од Махачкала објави дека е договорено обештетувањето за напаѓачот на Интер, Самуел Ето, и дека 30-годишниот фудбалер утре ќе го стави својот потпис на договорот.


„Износот на обештетувањето е договорен на задоволство на двата клуба. Утре Ето треба да ги мине лекарските прегледи, а потоа да потпише три годишен договор“, објави рускиот клуб, чии финансиер е тајкунот Сулејман Керимов, чие богатство се проценува на осум милијарди долари.


Иако финансиските детали не се објавени, италијанските медиуми наведуваат дека Анжи на Интер ќе му плати 30 милиони евра, а Ето ќе потпише тригодишен договор со кој ќе заработува 20 милиони евра по сезона, со што Камерунецот ќе стане најплатениот светски фудбалер.

извор „Макфакс“
Ohridnews