Деновиве,надлежната Комисија за доделување награди и признанија и одбележување на празници, ќе ги отвори и разгледа пристигнатите пријави , по што точно ќе се знае колку од нив се за наградата, а колку за повелбите.
Најдоцна 7- ми декември надлежната Комисија треба да ги објави добитниците. Врачувањето на признанијата ќе се изврши на Свечената седница која традиционално ќе се одржи по повод празникот Свети Климент, Патронот на Охрид.
Со Свети Климентовата награда се оддава највисоко признание за животно дело, односно долгогодишни остварувања и врвни достигнувања во сите области од општествениот живот од особено значење за Општината , што претставуваат посебен придонес за развој на Општината и за нејзиниот севкупен напредок и афирмација во Република Македонија и светот.
Право на учество на конкурсот за доделување на повелба и за Светиклиментовата награда имаат установи, трговски друштва, здруженија на граѓани и граѓани.