Релито кое започна денес и ќе продолжи во текот на наредните два дена, има меѓународен карактер и во него ќе учествуваат над 300 мотористи од сите балкански земји и од Европа.
Денес, релито ќе се вози ќе се вози на релација Скопје, Куманово, Свети Николе, Кочани, Берово, Струмица, Дојран. Утре се очекува, учесниците возејќи низ делницата Дојран, Гевгелија, Неготино, Кавадарци, Прилеп, Крушево, Битола, да пристигнат во Охрид.
Во сабота, поаѓањето е од Охрид, и ќе се продолжи со возењето низ Струга, Дебар, Маврови анови, а како крајна дестинација е повторно Скопје, од каде што и стартуваше релито .