161 ученик од сите основни училишта од Охрид, Струга, Битола, Ресен, Прилеп и Демир Хисар учествуваше на регионалниот  натпревар по физика кој се одржа во ОУ,,Кочо Рацин“.

На натпреварот беа постигнати одлични резултати од учениците од општина Охрид, при што учество на државниот натпревар обезбедија 20 ученици.

Од седмо одделение: Љубица Илиќ и Афродита Адамова од ОУ,,Кочо Рацин,, Поликсена Тунтева од ОУ,,св.Климент Охридски,, Китеска Александра, Коваческа Климентина и Андреа Ивановска од ОУ ,,Григор Прличев,,,Ристески Ѓорѓи, Мојсоска Марија, Пипоски Петар, Николоска Мартина и Јовева Елена од ОУ,,Христо Узунов,,.

Од осмо одделение учество за државен натпревар обезбедија: Ристеска Наташа од ОУ,,Кочо Рацин,,,Димоска Софија, Трајкоска Сара, Шулјкоска Милјана, Игњатовска Анастасија, Таштаноска Марија од ОУ,,Григор Прличев,Симоновиќ Сања од ОУ,,Христо Узунов,,, Крстевски Милан, Блажески Владимир од Оу,,Ванчо Николески,,-село Лескоец.

Од средните училишта учество обезбеди ученичката од ОСУ,, Св.Климент Охридски, Бујароска Теодора.

OhridNews