Фудбалската федерација на Македонија со специјално признание ги наградите младите репрезентативци кои обезбедија учество на Европското првенство во Полска.
Фудбалските херои, предводени од селекторот Благоја Милевски ги „украдоа“ сите почести на изборот на најдобрите во фудбалот поради историскиот успех кој го направија.
Награда за најдобар фудбалер и стрелец во Македонија ја освои Бесарт Ибраими од Шкендија, признанието за репрезент на македонскиот фудбал во Македонија го доби Илија Несторовски, а награда за најдобар тренер му припадна на Благоја Милевски.
Сите наградени на церомонијата на ФФМ:
Најдобар фудбалер: Бесарт Ибраими (Шкендија)
Најдобар репрезент на македонскиот фудбал: Илија Несторовски (Палермо)
Најдобар тренер: Благоја Милевски
Специјална награда: Репрезентацијата до 21 година
Најдобар стрелец во Прва МФЛ: Бесарт Ибраими (Шкендија)
Фер плеј екипа: Хоризонт Турново
Најдобар судија: Димитар Мечкароски
Најдобар играч во футсал: Игор Леовски (Железарец)
Најдобар тренер во футсал: Иван Божовиќ
Најдобар фудбалер во младинска категорија: Елиф Елмас (Работнички)
Признание за животно дело: Љубисав Иванов-Ѕинго
Најдобар фудбалски работник: Сергеј Самсоненко (Вардар)
Најдобар клуб во младинска категорија: Вардар
Најдобар тренер во младинска категорија: Југослав Тренчовски (Академија Пандев)
Најдобар стрелец во младинска категорија: Александар Мишов (Академија Пандев)
Најдобра фудбалерка: Теодора Димовска (Драгон)
Најдобар тренер во женски фудбал: Илија Мандаров (Драгон)
Најдобар стрелец во женски фудбал: Афродита Салихи (Драгон).
Фото:Гол.мк
OhridNews