Изминативе неколку дена се изврши второто пријавување од јунскиот уписен рок во средните училишта во земјава.

Во двата уписни рока, охридските полуматуранти наголем интерес покажаа за ОСУ „Свети Климент Охридски“, каде се примени 203 ученици во гимназиската струка, 91 во економско правната и трговска струка и 27 полуматуранти во медицинската паралелка.

Во првиот уписен рок во охридската гимназија се запишаа 188 ученици, а во вториот плус 15. Во медицинската пралалека во првиот беа запишани 19, а дополнително во вториот уште 8 полуматуранти. Во економско правната и трговска струка 72-ца ученици се запишаа во првиот рок, додека во вториот уште 19.“ – велидиректорот на ОСУ „Св. Климент Охридски“, Никола Тренески.

Во Република Македонија во учебната 2012/2013 година осмо одделение завршија вкупно 22 900 ученици, а второто пријавување во првиот уписен рок во јавните средни училишта за учебната 2013/2014 година беше на 1 и 2 јули.

Инаку, оние кои се уште не се запишале ќе имаат можност тоа да го сторат во августовскиот рок, закажан за 22-ри август.  Резултатите од запишувањето на учениците и слободните места ќе се објават наредниот ден.

O.T.