2090 нови случаи на грип во земјава се регистирани во периодот од 21-ви до 26-ти јануари, што е за 21,9 отсто повеќе од истата седмица лани, соопштуваат од Институтот за јавно здравје.
Вкупниот број на заболени од грип од почетокот на сезоната заклучно со четврата недела од месец јануари, изнесува 5428 лица, односно 56 отсто повеќе во споредба со истиот период минатата година.
Од Институт за јавно здравје соопштија дека во периодот кој претстои Македонија ќе го задржи трендот на континуиран пораст на бројот на пријавени случаи на грип и заболувања слични на него.
OhridNews