Министерството за труд и социјална политика соопштува дека согласно со Законот за празниците на РМ , 21 август 2018 година (вторник), Курбан Бајрам, првиот ден на Курбан Бајрам е неработен ден за граѓаните од муслиманската вероисповед во Република Македонија.

Истовремено, Министерството за труд и социјална политика на сите граѓани на Република Македонија им го честита Денот на Републиката.

OhridNews