21 – годишен охриѓанец, физички ги нападнал членовите на семејството.
На 29.01.2022 година во 21.50 часот, во СВР Охрид е приведено 21 годишно лице од Охрид, кој претходно, во семејниот дом физички нападнал членови на семејството. При извршен преглед кај него е пронајден и одземен остар предмет, информира портпаролот на СВР Охрид, Стефан Димоски.
Додава дека по целосно документирање на настанот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.
OhridNews












