На подрачјето на СВР Охрид во текот на вчерашниот ден санкциониран е 21 пешак, од кои 20 за небезбедно преминување улица надвор од пешачки премин.Како што соопшти МВР, акциската контрола за санкционирање прекршоци што ги прават пешаците е спроведна вчера од 16.00 до 20.00 часот.

Засилените сообраќајни контроли продолжуваат и наредните денови поради што апелираме до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи. Пешаците да го минуваат коловозот на обележан пешачки премин заради нивната и безбедноста на останатите учесници во сообраќајот. Сите заеднички, со почитување направилата, мора да придонесеме за побезбеден сообраќај, се наведува во соопштението од МВР.

OhridNews

 фото. МВР