На 08 и 09.12.2021 година на подрачјето на СВР Охрид беа спроведени засилени акциски сообраќајни контроли. Притоа, полициските службеници регистрираа и санкционираа 55 возачи на моторни возила кои, во населено место управувале со поголема брзина од дозволената.
Од санкционираните биле 21 Охрид 13 во Струга и 21 во Кичево. Биле регистрирани и 22 возачи што ја пречекориле дозволената брзина, надвор од населено место од кои 9 во Охрид и 13 во Дебар. Полициските службеници во Охрид затекнаа и од сообраќај исклучија едно лице кое управувало моторно возило под дејство на алкохол, а во Дебар санкционирано е едно лице, поради бесправно управување на моторно возило, информираа од СВР Охрид.
OhridNews












