СВР Охрид поднесе кривична пријава против 22-годишен охриѓанец поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „тешка кражба”. Во периодот од 26 јануари до 09 март, на улицата „Дејан Војвода”, пријавениот насилно влегол во куќа и одзел неколку велосипеди, повеќе апарати за домаќинство и дел од покуќнината.

При тоа се стекнал со противправна имотна корист од околу 250.000 денари.

OhridNews