На 28 април 2001 година, во 17:45 часот, се случи масакр кај селото Вејце, тетовско, кога осуммина припадници на специјалната единица Волци и полицајци од посебната единица паднаа во подмолна заседа и беа убиени, а потоа масакрирани и запалени од страна на припадници на УЧК.

На 23-годишнината од настанот, во Куманово денеска на пладне ќе биде окриен мурал со ликот на Бобан Трајковски, еден од загинатите кај Вејце.

Муралот е изработен од уметниците Младен Трендевски – Трендо, Горан и Дејвид, сограѓани на Бобан, а организатори на настанот се Здружението Сила и колегите на Трајковски од специјалната единица Волци.

Г.М.
Фото: МИА