НУЦК „Григор Прличев

Од 07.12.2021 - 18:00

По повод патрониот празник на Охрид „Свети Климент Охридски“ Фото клубот од Охрид ќе ја одржи својата традиционална изложба по 23-ти пат. Изложбата на која членовите ќе прикажат над 50  фотографии од 12 автори на слободна тема ќе биде претставена пред охриѓани во изложбениот салон при НУ Центар за култура „Григор Прличев“ на 7.12.2021 година.

23 години Фото Клуб Охрид живее со и за фотографијата. 23 години на нашите сограѓани за празникот на градот му подаруваме изложба на фотографии, во тоа не не спречи пандемијата ни немањето на просторија во која членовите на клубот ќе се собираат, едуцираат и творат. Секој од членовите тука ја најде слободата да се изрази преку фотографијата, а на градот да му подари дела со трајни вредности. Продолжуваме понатаму побогати со нови искуства, нови млади талентирани членови, нов ентузијазам и нова надеж за подобри услови за работа, велат од Фото клубот од Охрид. 

Изложбата ќе биде отворена од 18:00 часот.