Од 13 до 15 ноември, „Home Center“ во Охрид ги пречекува посетителите со попусти на новогодишниот асортиман, намалени цени на дел од останатата понуда и послужување за сите.

Празничната атмосфера почнува со идеите за украсување на домот. За сите што веќе размислуваат како да внесат новогодишен дух во својот простор, „Ангел Тренд“ и оваа година организира Новогодишен саем во својот „Home Center“ во Охрид, од петок, 13 ноември, до недела, 15 ноември.

Во текот на трите саемски дена, посетителите ќе можат да купуваат новогодишни производи со попусти од 20 до 30 проценти, а на дел од останатиот асортиман ќе има попуст од 15 проценти.

Саемот е можност за избор на празнични детали, но и за разгледување на богатата понуда на производи за домаќинството по која е препознатлив овој продажен центар. За посетителите, организаторите најавуваат и послужување со парче пица и пијалак за сите.

„Home Center“ на „Ангел Тренд“ се наоѓа во деловниот комплекс кај кружниот тек на улицата „15 Корпус“, наспроти ЕМУЦ во Охрид.

Работното време во петок и сабота е од 08:30 до 20:30 часот, а во недела од 08:30 до 15:00 часот.

OhridNews | Промотивна објава