Дури 230 000 македонски граѓани официјално се иселиле од земјава и имаат регулиран престој во странство во периодот од 1998 до 2011 година, соопшти Службата за стаатискика на ЕУ, Еуростат.

Од нив, 170 000 се Македонци кои имаат привремен престој во некоја од земјите на Европската Унија.

Според Еуростат, најоглем број иселеници живеат Италија, Германија, Австрија и Словенија. Она што е карактеристично е масовното одобрување странски државјанства на граѓаните од Македонија во периодот од 2002-ра до 2008-ма година.

Според статистиките на Еуростат, во тој период по 5000 граѓани годишно добивале пасош од некоја од земјите на ЕУ.

OhridNews