Екипите на Охридски комуналец со 24-часовни активности за подигање на отпад од јавните површини.

Се чистеше неуредна и дива вегетација на неколку локации, се косеа јавните тревни површини на “Булевар Туристичка” и во центарот на градот,  интензивно се наводнуваа тревните површини и се уредуваа цветните леи. Со дополнителен ангажман и дежурните екипи пред, за време и после одржувањето на концерти на повеќе локации во градот, а се одржуваше и јавната чистота на плажите во две смени.

 

 

OhridNews