На 10 август 2001 година кај месноста Љуботенски Бачила од нагазна мина поставена на патот животот го загубија Томе Бадаровски, Марјанчо Бошковски, Томе Димовски, Ивица Златевски, Бранко Јанев, Раде Јанковски, Томислав Настевски и Гоце Чанкуловски. Смртта на бранителите кои го дадоа животот за Македонија ќе биде одбележана денеска со полагање цвеќе пред спомен обележјето подигнато во Скопје.
На 8 август 2001, во екот на воениот конфликт во земјава, од заседа на терористичка група на УЧК беше нападната со огнено оружје и ракетни фрлачи колона возила со припадници на бранителите која се движеше кон Тетово. Во нападот беше погоден и автобусот во кој беа поголемиот дел од бранителите. Тогаш беа убиени 10 припадници од резервниот состав на АРМ. Загинаа: Сашо Китаноски, Марко Деспотоски, Нане Наумоски, Љубе Грујоски, Бранко Секулоски, Дарко Вељаноски, Горан Миноски, Пеце Секулоски, Веби Рушидоски и Ердован Шабаноски.
И по 24 години кај Карпалак нема никакво обележје во спомен на загинатите резервисти.
OhridNews