Во текот на 1-ва недела од 2022 година во периодот од 03 до 09 јануари во државава пријавени се 470 случаи на групни пријави за заболени од грип/ заболувања слични на грип.

Заболените се пријавени од 15 ЦЈЗ/ПЕ, во Дебар – 156, во Тетово – 78, во Гостивар – 62, во Кавадарци – 42, во Куманово – 29, во Велес и Скопје – по 27, во Охрид – 24, а во останатите ЦЈЗ/ПЕ, бројот на пријавени е помал од 10, информираат од Институтот за јавно здравје.

Во текот на 1-вата извештајна недела, во вирусолошката лабораторија на ИЈЗ РСМ, пристигнале 224 материјали за лабораториско тестирање на грип од кои 9 од сентинел САРИ надзорот, паралелно тестирани за грип и COVID-19.

Притоа, детектирани се 40 (17,9%) позитивни случаи, 35 од рутинскиот надзор и 5 позитивни случаи од сентинел САРИ надзорот, сите Influenza A несубтипизирани. Од позитивните од рутинскиот надзор, кај 5 е потврдена инфекција со грип и КОВИД-19 истовремено, се додава во соопштението.

Бројот на пријавени лица оваа недела споредено со 1-ва недела од минатата сезона е зголемен за 26,1 пати.

OhridNews