Дваесет и четворица лекари специјалисти од Србија се пријавиле на огласот за вработување кој го распиша Министерството за здравство.

Како што изјави министерот за здравство, Никола Тодоров, најголемиот дел од нив биле од областите кои им биле потребни, специјалисти по анестезија, гинекологија, урологија и неврологија.

Инаку, огласот кој го објави Министерството за здравство предизвика негативни реакции кај Здружението на приватни лекари, кои сметаа дека ангажирањето на странски лекари не е решение за дефицитот на доктори во Македонија.

OhridNews