Традиционално, по 24-ти пат Фото клуб „Охрид“ ќе одржи изложба во чест на Св.Климент Охридски-Патрон на градот.

 

 

Членовите преку фотографија ја раскажуваат својата приказна, што не успеваме да ја раскажеме со зборови, велат од Клубот.

Фотографијата дава бесмртност, ни помага да ги документираме нашите патувања низ животот и ја поттикнуваат нашата мечта. Оваа година 16 членови на Клубот им ги претставуваат своите дела на своите сограѓани и гости, вљубеници на добрата фотографија. 50 дела ќе бидат изложени пред очите на јавноста традиционално во чест на нашиот патрон Св. Климент Охридски, додаваат од Клубот.

Изложбата ќе биде отворена од 19 часот во изложбениот салон на Центарот за култура „Григор Прличев“, а истата финансиски е поддржана од Министерство за култура.

OhridNews