Поради постоење основи на сомнение за сторено казнено дело „задоволување полови страсти пред друг на јавни места”, СВР Охрид поднесе кривична пријава против 25-годишен скопјанец.

– Пријавениот, казненото дело го сторил на 28-ми јуни оваа година во 10 часот и 45 минути, во влез од зграда на булевар „Туристичка” во Охрид. Половото дејство на јавно место, пријавениот го извршил откако во влезот од зградата забележал девојка која била во близина на поштенските сандачиња, по што и се приближил и започнал да ја допира, информира портпаролот на СВР Охрид, Стефан Димоски.

Девојката го оттурнала сторителот, а набрзо по пријавувањето на настанот, полициските службеници го пронашле и привеле во полициската станица.

OhridNews