Во Охрид заклучно со 22.08.2021 вкупно се вакцинирани 25456 со прва доза на вакцина, а 20469 лица примиле и втора доза.
До оваа дата опфатот процентуално со една доза на население во Охрид над 18 годишна возраст е 56.7. Во периодот од 16 до 22.08.2021 заболени се вкупно 160 лица. Активни случаи заклучно со 22.08.2021 се 294, оздравени се 4813, додека од почетокот на пандемијата имаа регистрирано 228 смртни случаи. Од почетокот на пандемијата до 22.08.2021 во Охрид има регистрирано заболени вкупно 5335 лица, велат податоците од извештајот на Институтот за јавно здравје.
На ниво на државава заклучно со 22.08.2021 вкупно се регистрирани 351 реинфекција (една втора реинфекција). Од вкупно пријавените лица обработени се податоци за 72,4%. Од обработените податоци, 183 случаи (72%) во текот на реинфекцијата пријавиле појава на симптоми, а 16 (6,3%) случаи биле хоспитализирани. Пријавени се 22 (8,7%) случаи на реинфекција по комплетна вакцинација.
Од почетокот на вакцинацијата во државава заклучно со 21.08.2021, аплицирани се 357.045 дози на Pfizer/Biontech (228.261 со прва доза и 128.976 со втора доза), 45.353 дози на Sputnik V (22.891 со прва доза и 22.452 со втора доза), 103.004 дози на AstraZeneca (59.401 со прва доза и 43.603 со втора доза), 299.557 дози Sinopharm (150.528 со прва доза и 149.029 со втора доза) и 357.045 дози Sinovac (199.904 со прва доза и 157.141 со втора доза), се вели во извештајот.
Според категоризацијата на ризикот и проценката на ситуацијата земајќи ги во предвид индикаторите на СЗО за можноста за понатамошна трансмисија и капацитетите за одговор на земјата се проценува дека Република Северна Македонија е во фаза на широка трансмисија, подниво 3, со умерени капацитети за одговор, велат во последниот неделен извештај од Институтот за јавно здравје.
Н.С.Ј.













