На 07.02.2023 во 13.15 часот во СВР Охрид било пријавено е пред деловен објект во близина на спортско – рекреативниот центар „Билјанини извори“ во Охрид, од страна на две лица од Охрид на возраст од 47 и 26 години бил нарушен јавниот ред и мир со употреба на остар предмет, на што претходела нивна меѓусебна вербална расправија, информира портпаролот на СВР Охрид, Стефан Димоски.

Притоа, со телесни повреди се здобило 47 годишното лице констатирани во Општа болница во Охрид, додека 26 годишникот се здобил со тешки телесни повреди, констатирани во болницата „Св.Еразмо“. По целосно расчистување на случајот, СВР Охрид ќе поднесе соодветна пријава, додава Димоски.

OhridNews