По повод 8-ми Септември Денот на државноста, годинава по 26-ти пат ќе се организара традиционалниот Интернационален Атлетски Маратон Охрид 2012.

Охридскиот маратон започна да се организира од 1976 година и се организираше 18 (осумнаесет) години без прекин до 1993 година. Од 1993 година до 2003 година беше ставен во мирување па наредните години од 2004 година заклучно со 2010 година повторно биде успешно организиран, за да наредната 2011-та година повторно биде ставен во мирување.

Оваа 2012 година традицијата на успешно организирање продолжува со помош на Општина Охрид.  Маратонот важи за еден од најтешките маратони и се трча долж крајбрежјето на Охридското езеро од Св. Наум до Охрид со многу нагорнини и надолнини со вкупна должина од 30 километри.

Најтрофеен маратонец е Живко Стојчески со 5 (пет) освоени први места. Со најголем број на учества на маратонот е Славчо Костоски со вкупно 14 настапи.  

           

Рекордот на патеката во машка конкуренција го држи Борислав Девиќ од Србија со резултат од 1:39:13, а во женска конкуренција Ана Суботиќ од Србија со резултат од 1:55:23 од 2010 година.