Во последните 24 часа се направени 3200 тестирања, а регистрирани се 1237 нови случаи со Ковид-19, од кои 26 се од Охрид, каде денеска се евидентирани и двајца починати пациенти. Најмногу нови случаи и денеска има во: Скопје-506, Штип-55, Прилеп-91, Тетово-51, Струга-31, Велес-67, Битола-30, Гостивар-75,  Кичево-36, Ресен-13,

Починати се 39 пациенти од кои десет од Скопје (73, 84, 63, 61, 83, 38, 77, 76, 62 и 76 г.), еден од Куманово (76 г.), еден од Штип (51 г.), тројца од Прилеп (71, 57 и 56 г.), еден од Тетово (65 г.), шест од Велес (76, 59, 81, 63, 81 и 85 г.), пет од Битола (68, 65, 44, 76 и 69 г.), двајца од Охрид (54 и 63 г.), шест од Струмица (72, 85, 71, 54, 77 и 71 г.), еден од Крушево (44 г.), еден од Кочани (67 г.), еден од Кичево (67 г.) и еден од Неготино (67 г.). Oд нив еден е починат вон, а останатите се починати во болнички услови, соопшти Министерството за здравство.

Институтот за јавно здравје регистрира 748 оздравени пациенти, од кои 13 се од Охрид.

Вкупната бројка ковид – дијагностицирани во Охрид од почетокот на епидемијата изнесува 1324, а бројот на активни случаи изнесува 576.

OhridNews