267 кандидати за градоначалници и 350 советнички листи се поднесени до општинските изборни комисии. До вчера по полноќ, заврши и рокот за приговори за отфрлените листи од ОИК и нивната корекција.

Како што пренесува „Вечер“, една третина од поднесените кандидатури за општински функционери и градоначалници, се кандидати кои и претходно биле носители на јавни функции, а нивните досиеја веќе поминале низ „лустрациска“. За сега, комисијата ќе го утврдува минатото на две третини од кандидатите, кои на 24-ти март за прв пат ќе ја бараат доверба од граѓаните.
Инаку, досиеата на сите кандидати ќе ги проверуваат Управата за безбедност и контраразузнавање, Државниот архив, Службата за разузнавање, како и Агенцијата за разузнавање, а Комисијата за лустрација треба да ја заврши проверката најдоцна до 22-ри овој месец.
OhridNews












