Во последните 24 часа направени се 3.449 тестирања, а регистрирани се 269 нови случаи на КОВИД-19 од кои во Скопје 142, Битола – 17, Охрид –16, Кавадарци и Струмица – по 14, Прилеп – 13, Велес– 9, Штип и Ресен – по 7, Валандово – 5, Тетово и Крива Паланка–по 4, Гевгелија и Неготино – по 3, Куманово, Радовиш, Богданци и Демир Хисар – по 2, Свети Николе, Берово и Крушево – по 1.
Во текот на изминатите 24 часа регистрирани се 7 починати лица: 2 починати лица од Скопје (73г и 84г) и по едно починато лице од Велес (71г), Свети Николе (71г), Кавадарци (69г), Берово (68г) и Радовиш (73г). Од пријавените сите лица се починати во болнички услови.
Согласно Регистарот на умрени лица со дијагноза КОВИД-19 од Мој Термин, пријавени се дополнително 8 лица, починати во период од 29.11-19.12.2021 година. Починатите лица се од Скопје (2), Прилеп (1), Куманово (1), Битола (1), Кочани (1), Делчево (1) и Тетово (1). Починатите лица се на возраст од 57г до 93г. Од пријавените, 2 лица се починати во болнички услови, а 6 лица се починати во домашни услови.
Регистрирани сe вкупно 353 оздравени пациенти од кои 11 од Охрид.

 

OhridNews