Министерството за труд и социјална политика соопштува дека согласно со Законот за празниците на РМ, 27 јануари (недела), Свети Сава е неработен ден за припадниците на српската заедница во Република Македонија.

Свети Сава бил првиот српски архиепископ, човекот
кој ја осамостоил Српската православна црква, прв поглавар на таа Црква, а во
исто време бил прв српски учител којшто основал манастири и школи во
средновековна Србија. Негово име било Растко Немањиќ, а тој бил царски син.
Неговиот татко му понудил да биде крал или кнез на Србија, но тој одбил и со
група руски калуѓери заминал на Света Гора во манастирот Хиландар, се замонашил
и го добил црковно име Сава. Починал во Велико Трново во Бугарија. Прогласен е
за светец, а моштите се донесени во Белград каде турски паша ги запалил, со цел
да го запали и духот на православниот српски народ. На тоа место сега е
подигната најголемата православна црква – Свети Сава.