Во организација на Интернационалната полициска асоцијација-секција Македонија и ИПА регион Охрид, од 17 до 19 јуни 2022 година во Охрид, ќе се одржи 27-та Медитеранска конференција на ИПА национални секции на тема: „Предизвиците во секојдневното полициско работење, физичка, ментална и правна заштита“.

Организацијата на Медитеранската конференцијата, доверена од светската ИПА, претставува чест за ИПА Македонија и доаѓа по минатогодишната успешна организација на Балканско-Јадранската Конференција која се одржа во Скопје, вели Стефан Димоски, претседател на ИПА регион Охрид.

Своето учество на конференцијата го потврдија високи делегации од следниве 16 држави Австрија, Малта, Италија, Шпанија, Португалија,Босна и Херцеговина, Израел, Грција, Кипар, Бугарија, Хрватска, Словенија, Србија, Црна Гора, Албанија и Романија и секако домаќинот С. Македонија.

Димоски додава дека на конференцијата свое присуство потврдиле и членови на УО на светската ИПА организација меѓу кои и потпретседателот Kyriakos Karkalis како и делегации од 4 збратимени региони од соседството, преставници на Македонскиот полициски синдикат, преставници на UN-O.I.E.D, UN- OADO ECOSOC, ИПА членови и подржувачи.

OhridNews