Момче се здобило со тешки телесни повреди при пад од објект во изградба на ул. „Абас Емин“.



Како што соопшти СВР Охрид, 28-годишниот П.В. од Охрид се качил на четвртиот кат во зградата која повеќе години е во изградба,  при што застанал на просторот наменет за лифт, погледнал надолу и засега од необјасниви причини паднал, при што се здобил со тешки телесни повреди.

Синоќа донесен е пациент 83-то годиште од Охрид повреден при пад од висина. По направените прегледи констатиранаи се тешки повреди со фактура на карлица и фрактура на десна потколеница. Моментално пациентот е вон животна опасност, контактибилен е, се прават понатамошни иследивања и се надеваме дека состојбата ќе биде стабилна и за одредено време ќе го пуштиме на домашни лекување, изјави Д-р Митко Тилески, директор на специјалната болница „Св. Еразмо“.


Претставници од СВР Охрид со дозвола на лекарите ќе остварат разговор со повредениот за да се утврдат причините за несреќата и дали во моментот кога се случила несреќата имало и други леца на местото на настанот.

OhridNews