28- ма бомба СДСМ: Како СГС добива милиони од Владата
30.04.15 16:43
Така наречената бомба на опозицијата која денеска беше објавена во Кавадарци во голем дел беше посветена на, како што рече претседателот на општинскиот огранок на СДСМ, Зоран Ѓоргиев, поврзаноста на агенцијата за обезбедување СГС со шефот на УБК Сашо Мијалков. Јавноста ќе ја дознае вистината, како тоа оваа компанија, за период од само три години, успеала да склучи договори вредни 15 милиони евра, рече Ѓорѓиев, најавувајќи снимка на која, како што додаде, се слушале гласовите на Мијалков и Слободан Николовски-Цобе, кој во медиумите претходно се посочуваше како надворешен соработник на СГС. Двајцата, додаде Ѓорѓиев, зборувале како да обезбедат бизнис со Т-Мобиле за агенцијата и тоа преку извршниот директор Жарко Лукоски.
Во друг телефонски разговор, пак, како што рече Ѓоргиев, се слушале гласовите на Мијалков и Муса Џафери од ДУИ кој му забележувал на шефот на УБК дека луѓе од ДПА работат во агенцијата.
На прес конференцијата беа пуштени и снимки за кои Ѓорѓиев вели дека биле доказ оти во пресрет на локалните избори во 2013 година во Кавадарци се злоупотребубале приватни фирми за партиски цели, споменувајќи разговори на министерот за транспорт и врски Миле Јанакиески и градоначалникот Александар Панов во кој тие ги споменуваат фирмите Кожувчанка и локален маркет со градот.
Во еден од разговорите рече Ѓорѓиев се слушало и како министерот за финансии Зоран Ставрески барал од Панов да му обезбеди одење во фабриката ИГМ каде што претходно бил претседателот на СДСМ Зоран Заев.
Охридскиот регион како светско културно и природно наследство има исклучителна универзална вредност за нас, порача министерот за транспорт Александар Николоски од Париз На средба во седиштето на УН...
Фестивалот „Струшки вечери на поезијата“ (СВП), во соработка со УНЕСКО го распишаа конкурсот за меѓународната поетска награда „Мостови на Струга“ 2026 за најдобра дебитантска книга од млад автор Ко...
Под насловот „Осмели се, инспирирај, промени – политичкиот интегритет низ очите на младите“ платформата за одржлив развој „Лице в лице“ утре во Струга во просториите на Europe House во Струга ќе о...
Оваа веб-локација користи колачиња за да можеме да ви го обезбедиме најдоброто можно корисничко искуство. Информациите за колачињата се зачувуваат во вашиот прелистувач и извршуваат функции како што се ве препознаваат кога ќе се вратите на нашата веб-локација и му помагаат на нашиот тим да разбере кои делови од веб-локацијата ви се најинтересни и корисни.
Строго неопходни колачиња
Строго неопходното колаче треба да биде овозможено во секое време за да можеме да ги зачуваме вашите параметри за поставките за колачиња.
Ако го оневозможите ова колаче, нема да можеме да ги зачуваме вашите параметри. Ова значи дека секогаш кога ќе ја посетите оваа веб-локација ќе треба повторно да ги овозможите или оневозможите колачињата.