Од вкупно 1837 направени тестови во последните 24 часа, во државата се регистрирани нови 613 случаи позитивни на Ковид-19, од кои 27 во Охрид, информираат од Министерството за здравство. Од таму додават дека во Институтот за јавно здравје се регистрирани 688 оздравени пациенти, 28 во Охрид, а 25 лица ја загубиле битката со коронавирусот.
Најголемиот број на новозаразени се во Скопје, вкупно 204 лица, по што следат Кавадарци со 38, Куманово-35, Тетово-29, Прилеп и Охрид со по 27, Гостивар и Велес по 24, Битола-23, Штип-20,Гевгелија и Струга по 19. По 15 новозаразени има во Неготино и во Свети Николе, 12 во Берово, 11 во Кочани и во Кичево, девет во Струмица, по осум во Крива Паланка и Радовиш, седум во Ресен, четири во Делчево, три во Пробиштип, по два во Валандово и Македонски брод, по еден во пехчево и Виница.

Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 73638, бројката на оздравени пациенти е 49414, на починати е 2121, а бројот на активни случаи изнесува 22103. Во Охрид од почетокот на епидемијата регистрирани се 2044 случаи, а активни се 620.
OhridNews











