На денешен ден пред 29 години Црвена Ѕвезда ја освои титулата во Купот на европските шампиони. Дел од најголемиот фудбалски успех во поранешната држава беа и двајца Македонци Дарко Панчев и Илија Најдоски.

Црвена Ѕвезда во финалето кое се одигра на стадионот „Свети Никола“ во Бари по изведувањето на пенали го победи Олимпик Марсеј со 5-3. Во регуларниот дел и по продолженијата немаше голови.

Пенал серијата ја отвори Просинеки со гол, а потоа голманот Стојановиќ го одбрани ударот на капитенот на Марсеј, Аморос. До крајот сите изведувачи на пеналите беа прецизни. Последниот пенал на мечот го реализираше Панчев.

 

OhridNews