Во текот на вчерашниот ден во периодот од 14.00 до 19.00 часот Министерството за внатрешни работи спроведе зајакната акциска контрола за санкционирање на возила кои непрописно престигнуваат на територијата на Република Северна Македонија, при што санкционирани се 121 возач.

Од нив, 32 на територијата на СВР Тетово, 29 на територија на СВР Охрид, 18 возачи непрописно престигнувале на територијата на СВР Битола… За време на контролата биле санкционирани и 142 останати прекршоци, велат од МВР.

Засилените акциски контроли, додаваат, продолжуваат и во наредните денови и воедно апелираат до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и заеднички да придонесеме за побезбедни патишта.

OhridNews