Општинската организација на Сојузот на борци од НОАВМ 1941-1945 и на граѓаните продолжувачи во општините Охрид и Дебрца, по повод 29 Ноември организираше расправа во својот Дебатен клуб. Покрај претставниците од СБ, на дебатата зеле учество и претставници од Здружението на почитувачите на ликот и делото на Јосип Броз Тито, Здружението на ветерани од одбраната и безбедноста на РМ – огранок Охрид и од Организацијата на резервни офицери на РМ – огранок Охрид. Тема на дебата била ” Улогата и значењето на АВНОЈ во создавањето на македонската држава “.
Преку своите дискусии учесниците направиле ретроспектива на настаните кои довеле до одржувањето на Второто Заседание на АВНОЈ, носењето историски одлуки за сите народи од просторите на Југославија, со посебен осврт на оние одлуки кои имаат историско значење за македонскиот народ.
Од дебатата произлегла иницијатива- 29 Ноември повторно да се одбележува и празнува.
Присутните донеле и заклучок дека сме единствена држава која нема званичен ден – празник кој би го означил конечното ослободување на македонскиот народ, за што би требало да поразмислат надлежните органи и институции.











