Најмалку 29 затвореници побегнаа преку тунел долг 40 метри ископан под затвор во Сиудад Викторија во мексиканската држава Тамаулипас. Затворениците успеале да ископаат тунел длабок околу 4,5 метри и долг околу 37 метри.

Портпарол на полицијата соопшти дека досега се фатени 12 од 29 затвореници и дека веќе се вратени во затвор.

Пред една недела петмина членови на накокартел побегнаа од друг затвор во северозападниот дел од Мексико.

OhridNews