Света Троица 2021 продолжува со добрите настапи во Третата македонска фудбалска лига – Регион 5, откако на гостувањето во Кичево славеше над Напредок 1928 со 2:1.
До важните три бода, Света Троица стигна со головите на Бимбилоски и Угриноски. Бимбилоски беше прецизен во 44. минута од пенал, додека Угриноски во 80. минута го постигна погодокот за победа од 2:1. Со овој триумф, Света Тројца стигна до 13 бодови и се искачи на третото место на табелата, потврдувајќи ги амбициите за висок пласман.
За разлика од нив, Чардак Велгошти не успеа да ја искористи предноста на домашниот терен и загуби со минимални 0:1 од Крошу Спорт Битола. Гостите ги однесоа бодовите од Велгошти, а Чардак ќе мора да бара можност за подобар резултат во следното коло.
Резултати 7. коло
Баир Спорт – Влазними 3:2
Преспа – Караорман 3:2
Напредок Кичево – Света Троица 2021 1:2
Влазерими Ј 1977 – Кравари 3:2
Демир Хисар – Могила 2023 1:2
Чардак Велгошти – Крошу Спорт0:1
Табела – Регион 5
1. Влазерими Ј 1977 – 16 бодови
2. Караорман – 15 бодови
3. Света Троица 2021 – 13 бодови
4. Кравари – 12 бодови
5. Напредок 1928 Кичево – 10 бодови
6. Баир Спорт – 10 бодови
7. Могила 2023 – 8 бодови
8. Крошу Спорт Битола – 8 бодови
9. Напредок Ношпал – 7 бодови
10. Чардак Велгошти – 6 бодови
11. Преспа – 6 бодови
12. Влазними – 6 бодови
13. Демир Хисар – 3 бодови












