Синоќа во 23:03 часот во СВР Охрид, 60-годишен охриѓанец пријавил дека на ул.„Марко Нестороски“ во Охрид, бил физички нападнат од едно лице кое излегло од возило „BMW“ со струшки регистарски ознаки и му го попречило движењето.
По целосно расветлување и документирање на настанот, против напаѓачот ќе биде поднесена соодветна пријава, информира портпаролот на СВР Охрид, Стефан Димоски.
Ноќеска во 01:00 часот во струшкото село Мислешево, полициски службеници лишиле од слобода 60-годишен жител на Скопје.
При контрола во патниот сообраќај, полициските службеници сопреле патничко возило „MG“ со струшки регистарски ознаки, кое тој го управувал и при извршено алкотестирање, кај него констатирале 2,22 промили алкохол во крвта. Тој веднаш е исклучен од сообраќај, по насоки на јавен обвинител одземено му е патничкото возило и по целосно документирање на настанот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава, соопшти Димоски.
Исто така ноќеска, во 05:45 часот, на ул.„4 јули“ во Кичево, полициски службеници лишиле од слобода 30-годишен жител на Кичево.
При контрола во патниот сообраќај, полициските службеници сопреле патничко возило „бмв“ со кумановски регистарски ознаки, кое тој го управувал и при извршено алкотестирање, кај него констатирале 1,63 промили алкохол во крвта. Тој веднаш е исклучен од сообраќај, по насоки на јавен обвинител одземено му е патничкото возило и по целосно документирање на настанот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава, информира портпаролот Димоски.
OhridNews












