Фудбалерите на Света Троица 2021 забележаа значајна победа од 2:1 против Чардак од Велгошти во охридското дерби од 11. коло на Третата македонска фудбалска лига, Регион 5.

Света Троица 2021 одлично го отвори натпреварот и поведе уште во 3. минута со погодокот на Угриноски. Предноста беше зголемена со голот на Боге Бимбилоски за водство од 2:0. Чардак во второто полувреме се врати во игра, откако Гиновски во 52. минута намали на 2:1. Сепак, до крајот на средбата резултатот не се промени, па трите бода им припаднаа на фудбалерите на Света Троица 2021.

По ова коло, Света Троица 2021 се наоѓа на третото место со 20 бодови, зад лидерот Влазрими 1977 со 26 и второпласираната екипа Кравари со 21 бод. Чардак Велгошти, пак, останува на последната позиција со шест бодови.

Резултати – 11. коло:

Могила – Напредок Ношпал 1:0
Крошу Спорт– Кравари 1:7
Чардак Велгошти – Света Троица 2021 1:2
Демир Хисар – Караорман 4:4
Влазрими 1977 – Преспа 3:0
Напредок Кичево – Влазними 5:0

OhridNews