Навивачката група „Рибари“ вечерва на реваншот меѓу ГРК Охрид и Драгунас Клаипеда во ЕХФ Европскиот куп истакна парола со која на ироничен начин го осуди насилството врз жените.
Ова е место каде што стојат прави мажи, а не кретени што тепаат жени, пишуваше на паролата во салата „Билјанини извори“.
Пораката од трибините е најнова во низата јавни реакции со кои охриѓани го осудуваат бранот насилство што ја вознемири заедницата.
OhridNews













