Во рамките на третото коло од Третата македонска фудбалска лига – Регион 5, охридските екипи забележаа половичен успех.

Чардак Велгошти на гостувањето во Кичево претрпе убедлив пораз од Влазрими Ј 1977 со 7:1. Единствениот погодок за охридскиот состав го постигна Гиновски.

Убедлива победа на домашен терен оствари Света Троица 2021, која со 5:0 го совлада Влазними. По два гола за Света Троица 2021 постигнаа Бимбилоски и Угриновски, додека еден погодок беше дело на Кузмановски.

На останатите натпревари од третото коло, Напредок и Крошу Спорт одиграа 0:0, Караорман го совлада Кравари со 3:1, Баир Спорт загуби од Напредок Н. со 4:5, додека Преспа и Могила 2023 одиграа 3:3.

По одиграното трето коло, Напредок е лидер на табелата со седум бодови, Света Троица 2021 се наоѓа на четвртото место со шест бодови, додека Чардак Велгошти е на деветтото место со три освоени бодови.

OhridNews