Согласно податоците од Институтот за јавно здравје, во последните 24 часа направени се 1.997 тестови, а регистрирани се 142 нови случаи со КОВИД-19, еден починат и 198 оздравени пациенти.

Од 142 новозаболени од Скопје се 77, Битола 22, Кавадарци, Гостивар и Струмица по 5, Струга 4, Велес, Охрид, Кичево, Ресен и Радовиш по 3, Штип и Прилеп по 2, Кочани, Куманово, Гевгелија, Делчево и Берово по 1. Од вкупниот број на позитивни (142), регистрирани се 25 реинфекции.

Од 198 оздравени пациенти од Скопје се 112, Битола 24, Охрид 12, Прилеп, Кавадарци и Куманово по 7, Ресен 6, Велес, Делчево и Берово по 3, Струмица, Кичево, Радовиш, Кочани и Гевгелија по 2 и Штип, Неготино, Дебар и Валандово по 1.

Починато лице е од Скопје (82г). Починало во болнички услови. Согласно регистарот на умрени лица со дијагноза КОВИД-19 од „Мој Термин“, дополнително се пријавени три починати лица од Скопје (1), Струмица (1) и Крива Паланка (1) на возраст од 36 до 75 години. Пријавените лица се починати во периодот 07.03-08.04.2022 година, две во болнички и едно во домашни услови. Кај сите четири починати лица се регистрирани коморбидитети, соопшти Министерството за здравство.

OhridNews