Во последните 24 часа од направени 1.833 тестови регистрирани се 133 нови случаи на КОВИД-19, од кои 20 се реинфекции, има 156 оздравени пациенти и нема починат, но преку Мој Термин е пријавено едно починато лице во болнички услови на 8 април, информира Министерството за здравство Согласно податоците од Институтот за јавно здравје.

Од новите случаи на КОВИД-19, 78 се од Скопје, по што следат Битола со 16, Велес 14, Тетово 6, Прилеп и Охрид по 3, Кавадарци, Струмица и Берово по 2 и Куманово, Гостивар, Кичево, Неготино, Радовиш, Делчево и Валандово по 1.

Од оздравените пациенти 97 се од Скопје, 21 од Битола, од Кавадарци и Куманово по 6, Прилеп и Охрид по 4, Тетово и Ресен по 3, Кичево и Свети Николе по 2 и Велес, Гостивар, Гевгелија, Неготино, Радовиш, Крива Паланка, Делчево и Кратово по 1.

Согласно Регистарот на умрени лица со дијагноза КОВИД-19 од Мој Термин, дополнително е пријавено едно починато лице од Струга (73г), починато во болнички услови, пријавено на 08.04.2022 година.

OhridNews