
На 15- ти јануари пријавените лица организирале транспорт на наркотична дрога марихуана од Албанија преку Македонија со цел продажба на истата во Грција. Пријавените, истиот ден во вечерните часови, додека се движеле со такси возило кај село Витолишта, биле забележани и сопрени од страна на вработени при Граничната полиција. При извршена рутинска контрола и преглед на возилото, во задниот дел во багажникот во патна торба, пронајдени биле две црни полиетиленски вреќи со непозната растителна материја. Истата е одземена и предадена на вештачење, при што е утврдено дека станува збор за наркотична дрога марихуана со маса од 6.370 грама.
На пријавените лица определена им е мерка притвор во траење до 30 дена.











