Истражен судија му одреди мерка притвор во траење од 30 дена на 36- годишниот охриѓанец Ѓ.М. кој е осомничен дека пред два дена на патот кон селото Велестово извршил обљуба врз 24 годишна охриѓанка со заостанат душевен развој.

Секторот за внатрешни работи Охрид, против Ѓ.М. поднесе кривична пријава, поради постоење на основи на сомнение, за сторено кривично дело „Обљуба врз немоќно лице“.  


 
Казнено-правниот настан, се случил на 17-ти овој месец, околу 19 часот, на патот кон селото Велестово, каде пријавениот ја обљубил охриѓанката и покрај нејзиното спротиставување. Пријавениот Ѓ.М. претходно, ја сретнал оштетената, ја прашал каде оди, и и се понудил да ја превезе со неговиот мопед. Наместо кон блиското населено место, сега притворениот, го сменил правецот на движење, и се упатил кон селото Велестово. 

Инаку, против Ѓ.М. Секторот за внатрешни работи Охрид, во 2006 година, има поднесено кривична пријава за сторено кривично дело „Силување“, за што му била изречена, затворска казна во траење од 1 година.

OhridNews