
Во рамките на програмата е предвидено стручно предавање на тема „Акутен инфаркт на миокардот“ што ќе го одржи доктор Никола Бакрачески.
Здружението на лекари ќе го одржи и изборното годишно собрание, ќе расправа по извештајот за работа во 2008 година, а ќе ја усвои и годинешната програма за работа.
Вечерва ќе бидат доделени и награди и признанија на здравствените работници во општинава.
Меѓу поканетите на свеченото одбележување на двата настани се и преставници од министерството за здравство, од лекарската комора на Македонија, од македоснкото лекарско друштво, како и од локалната самоуправа.
А. Р.












